
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Дивиот растителен свет во Преспа е контаминиран со 19 различни пестициди – најмногу во околината на Претор и Ресен
Истражувањето беше спроведено во две временски фази – во пролет и есен, при што беа собрани примероци од различни локации околу Преспанското Езеро со различна оддалеченост од земјоделски насади. Анализите покажаа дека во Преспа постои секундарна контаминација со пестициди, а притоа беа идентификувани вкупно 19 различни пестициди во двата периоди на годината.
Само земјата во Стење и во Голем Град во Преспа не е контаминирана во текот на годината, додека земјата околу ресен и Претор е загадена со пестициди и во есен и во пролет, покажува истражувањето кое го направија студенти и професори одФармацевтскиот факулетет.
Во рамки на Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“ на Македонското еколошко друштво, тим на истражувачи од Фармацевтскиот факултет во Скопје, предводен од студентката Јована Данова и под менторство на проф. д-р Крсте Ташев, реализираа истражување со цел да одговорат на прашањето дали постои секундарна контаминација со пестициди на диворастечката флора во Преспанскиот регион, вклучувајќи го и островот Голем Град.
Истражувањето беше спроведено во две временски фази – во пролет и есен, при што беа собрани примероци од различни локации околу Преспанското Езеро со различна оддалеченост од земјоделски насади. Анализите покажаа дека во Преспа постои секундарна контаминација со пестициди, а притоа беа идентификувани вкупно 19 различни пестициди во двата периоди на годината.
Во пролет беа идентификувани 10 пестициди, а во есен 12 пестициди. Најмногу пестициди беа пронајдени во примероците од околината на Претор и Ресен. Кај примероците од Крани беа детектирани пестициди во текот на пролетта, но истите отсуствуваа во есенските анализи, додека пак обратната ситуација беше детектирана кај примероците од Стење. Меѓутоа, важно е да се забележи дека кај примероците од крајбрежјето во близина на Стење, како и кај оние од островот Голем Град, не беше детектирано присуство на траги од пестициди ниту во пролет, ниту во есен.
Од сите анализирани пестициди во најголема концентрација се издвојуваат Ацетамиприд, Пириметанил и Пираклостробин, кои се јавуваат и во двата периоди од годината. Ова истражување ги дава првите резултати на оваа тема и ја потенцира потребата од понатамошни сеопфатни испитувања со цел да се заштити здравјето на дивите растенија, животните, но и на луѓето.
За сите заинтересирани млади еколози кои сакаат да спроведат слични научно-истражувачки проекти, новиот конкурс на Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“ за мали и средни грантови е веќе отворен и достапен на следниот линк: https://mes.org.mk/…/povik-za-mali-i-sredni-grantovi…/




