fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Дизелот поевтин за три денари, а цената на бензините останува иста.

Новата цена на дизелот ќе биде 92 денари за литар

Дизелот од денес поевтин за три денари, а цената на бензините останува иста. Се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство за денар и половина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на дизелот ќе биде 92 денари за литар, додека литар Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава по цена 84,50 денари, а Еуросупер БС-98 по цена од 87 денари.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1,50 денари и ќе се продава по 89 денари за литар. Се намалува и цената на мазутот за 1,082 денари и килограм  ќе чини 50,391 денар.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close