fbpx
ВестиТоп вести

До крајот на годината  ФАО ќе излезе со мапа  за агро еколошки зони

 

Во рамки на проектот за агро-еколошко зонирање на земјоделското производство ФАО одржа обука за географски информациски системи (ГИС) наменета за клучните институционални чинители во агро-еколошките пракси и политики.

 

Оваа обука е прва од серијата обуки во рамки на проектот чиј што цел е да се зајакне институционалниот и техничкиот капацитет на  релевантните фактори  вклучени во проектот.

 

Главната цел на проектот, кој почна да се спроведува на почетокот на 2018 година е да овозможи точни информации за подобноста за одгледување на одредени земјоделски култури и сорти во дадени производни реони согласно почвено – климатските услови. Тоа ќе придонесе да се подобри земјоделското производство преку добро информирани инвестиции, да се зголеми адаптивниот капацитет кон климатските промени,  да се подобри информирањето за земјоделските анализи и политики, што позитивно ќе влијае на продуктивноста и профитабилноста на земјоделското производство.

 

Во изминатиот период ФАО и МЗШВ во соработка со Управата за хидрометеоролошки работи изготвија просторна презентација на климатски податоци во форма на карти за температура, дождови, евапотранспирација на ниво на цела држава. Во моментот се изготвуваат првите пилот агро-климатски зони кои претставуваат области со одредени агро-климатски карактеристики, кои заедно со почвените информации ќе бидат основа за изготвување на агро-еколошки зони.  Сето ова ќе биде од значителна корист за диверзификација и зголемена продуктивност на културите и одржливо земјоделско производство. Агро-еколошките зони ќе помогнат да се подобри ефикасноста и потенцијалот на земјоделското производство, а креаторите на политики ќе можат да ги користат информациите за креирање на оптимални земјоделски политики во корист на земјоделците.

ФАО се очекува да ја претстави мапата на агро-еколошки зони за Северна Македонија до крајот на 2019 година, информираат  од канцеларијата на ФАО.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close