fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Членови на пчеларското здружение „Нектар” од Гевгелија се вратија со седум златни медали

Членови на пчеларското здружение „Нектар” од Гевгелија се вратија со седум златни медали, за квалитет на произведениот мед, од меѓународните саеми кои се одржаа во Босна и Херцеговина и во Србија.

На саемот „Медена Тузла” златен медал за квалитет на ливадски мед освои Игор Илков, а златни медали за квалитет на дабов мед (медлика) освоија пчеларите Ристо Кованцалиев, Стојче Стојановски, Димитар Ѓоргиев и Златко Трајанов.

Во конкуренција на пчелари од три континенти, според неподеленото мислење на стручни лица, македонскиот мед бил прогласен за најквалитетен.

–Овие достигнувања претставуваат огромен успех не само за пчеларите од гевгелиско,туку и од целата наша земја и најдобра потврда за квалитет на нашиот мед, рече Игор Илков, претседател на здружението „Нектар”.

На Новосадскиот меѓународен саем, во специфични услови на организација и одржување поради протоколите од заштита на ширење на корона вирусот, златни медали за квалитет на ливадски мед освоија Игор Илков и Златко Трајков.

Според мислењето на Илков, добиените признанија сигурно ќе бидат поттик за пчеларите во борбата за уште подобри производи кои ќе освојуваат нови пазари и купувачи.

извор:Бизнисвести

Слични написи

Back to top button
Close