Агро бизнисВестиТоп вести
До средината на оваа седмица ќе се задржи стабилно и релативно топло време
Денес - Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје, променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До средината на оваа седмица ќе се задржи стабилно и релативно топло време.
Ќе дува северозападен ветер, кој ќе биде поизразен во среда кога ќе биде засилен до силен и долж Повардарието ќе достигнува брзина од над 70 km/h. Во среда ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во западните делови. Во четврток ќе преовладува променливо облачно, а во следните два дена облачно со локални врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во сабота. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.





