fbpx
ВестиСовети

ПРЕВЕНЦИЈА И БОРБА ПРОТИВ ВАРОАТА

pceli1

Вароозата е ектопаразитарна болест на медоносните пчели и пчелното легло предизвикана од крлежот Varroa. Крлежот преку целата година паразитира во пчелната заедница хранејќи се со хемолинфата на пчелите, ларвите и куклите.

 

Морфолошки карактеристики на паразитот

 

Постојат женски и машки единки на паразитот. Женските единки паразитираат на возрасните пчели и на пчелиното легло, додека машките паразитираат само во пчелното легло.

Возрасната женка е долга 1,0 – 1,77 mm, а широка 1,5 – 1,9 mm што говори дека е видлива со голо око.

Телото е темно кафеаво – црвена боја, овално покриено со хитински штит, од горната страна испакнато а, одоздола рамно.

 

Ширење на вароозата

 

Ширењето на вароата се врши на следните начини:

 

  • Со купопродажба на матици, пчелни семејства и роеви заразени со крлежот.
  • Со грабеж.
  • Со залетување на заразени пчели во здрави кошници.
  • Со селење на заразени пчелни семејства.
  • Преку трутовите.
  • При паша.
  • Со спојување на заразено и незаразено пчелно семејство.
  • Преку осите.

 

Утврдување на вароата во пракса

Секој пчелар треба да знае како да го утврди присуството на болеста на својот пчеларник. Постојат неколку методи а, најпрактични се:

 

  • Со поставување на бела хартија на подницата и преглед на отпадокот.
  • Со фаќање на повеќе пчели и нивен преглед на живо.
  • Со фаќање на пчели на стакло намачкано со мед и преглед на долните делови на телото.
  • Со жртвување на 100 пчели во стаклен сад и преглед на зидовите од садот.
  • Со преглед на трутовско легло.

 

Биолошко – механички методи на сузбивање на вароата

  • Употреба на рам градилник
  • Сечење на трутовското легло од рамките
  • Жртвување на првото и последното пчелно легло
  • Издвојување на затворено легло
  • Формирање на нуклеуси
  • Блокирање на матицата
  • Промена на матицата
  • Измена на саќе
  • Подигање на сандаците 60 – 70 sm од земја

Физички  методи на сузбивање на вароата

  • Употреба на мрежести подници
  • Употреба на топлотни комори
  • Употреба на ламели со графитни влакна со напон од 12 V
  • Употреба на термо – топлотна касета на летото

 

Хемиски  методи на сузбивање на вароата

  • Средствата да ги употребува во точно определените дози и на начинот одреден во упатството
  • Да ги употребува средствата при отсуство на легло или кога леглото е во помал обем
  • Да ги употребува кога нема медишта и задолжително отстранување присутните хемиски средства 15 дена пред поставувањето на медиштата
  • Надворешните температури да не се пониски од 100 С и не повисоки од 280 С

 

 

Табеларен преглед на класичните акарициди, начинот на нивна примена и дозирање

Активна супстанца Дозирање Примена
ФЛУВАЛИНАТ 2 стапчиња на пчелно

семејство, 80 – 100 mg по стапче

Во тек на 35 дена во рана

пролет и есен

КУМАФОС 5 ml на рамка 2 третирања во интервал од

7 дена

ЦИМИАЗОЛ 2 gr во 100 ml вода за пчелно семејство 2 третирања во интервал од

7 дена

БРОМОПИЛАТ 1 стапче на пчелно семејство 4 третирања во интервал од

4 дена

 

Табеларен преглед на класичните акарициди, начинот на нивна примена и дозирање

Активна супстанца Дозирање Примена
МРАВЈА КИСЕЛИНА 60 или 85% 3-4 третирања во интервал

од 5-7 дена

МЛЕЧНА КИСЕЛИНА 15% по 5-8ml на секоја

страна од саќето

2 третирања во интервал од

7 дена

ОКСАЛНА КИСЕЛИНА 2,1% по 3-4 ml на секоја

страна од саќето

2 – 3 третирања
ТИМОЛ 0,25 gr по меѓурамковен

простор

3 третирања во интервал од

7 дена

АПИ ЛИФЕ ВАР 20 gr по пчелно семејство 2 третирања во интервал од

2-3 недели

 

 

 

Петар Трајковски, Советник во АПРЗ

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close