Добиточното производство и бројот на добиток и живина низ бројки за 2016-та

(Oвој напис е објавен на: March 31, 2017)

kravi

Според податоците на Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко во 2016-та година изнесува 403.044 илјади литри што е за 11.6% повеќе во однос на 2015-та година.

Зголемување на производството во 2016-та година е забележано кај овчото млеко за 0.8% и кај козјото млеко за 24.2% во однос на претходната година.

Вкупното производство на месо е зголемено за 2.7%, а производството на свинско месо е во пораст од 18.1% во однос на претходната година. Производството на другите видови месо, во однос на претходната година, е намалено.

Од другите добиточни производи, во 2016-та, во однос на 2015-та година, забележано е намалено производство на волна и намалено производство на јајца.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2016-та година, во споредба со 2015-та, вкупниот број на говеда е зголемен за 0.5%.

Бројот на говедата кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 1.3%, додека бројот на говедата кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) е намален за 21.8%.

Бројот на свињите кај деловните субјекти во 2016-та година, во споредба со 2015-та година, е зголемен за 2.5%, додека кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 4.3%.

Намалување на бројот на овците е забележано во двата сектора, кај индивидуалните земјоделски стопанства за 0.7%, а кај деловните субјекти бројот на овци е намален за 16.2%.

Во истиот период, бројот на козите кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 15.6%, а кај деловните субјекти е зголемен за 8.8%.

Бројот на живината во 2016-та година, во споредба со 2015-та година, е зголемен за 5.9%.


 

денар.мк