fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаМлад земјоделецРурален туризамТоп вести

Добро оди откупот на црвената пиперка – Трипуновски беше во Муртино меѓу земјоделците

Отсега за сите земјоделски култури откупните цени ќе се знаат однапред, ние се грижиме и го вреднуваме нивниот труд, објави Трипуновски.

Трипуновски соопшти на својот профил на Фејсбук дека ги информирал жителите на Муртино оти пред неколку дена е постигнат договор за откупната цена на црвената пиперка, прва класа – 40 денари за килограм, прва/втора класа – 30 денари за килограм, втора класа – 20 денари за килограм, трета класа – 12 денари за килограм.

Од МЗШВ информираат дека од страна на министерот било ветено дека Државниот инспекторат за земјоделство ќе биде постојано на терен и ќе се грижи за да се запази динамиката и откупните цени на црвената пиперка. Посочуваат дека градинарите се задоволни од одлуката на министерот за однапред договорената откупна цена на црвената пиперка.

-Земјоделците се во сигурни раце, отсега за сите земјоделски култури откупните цени ќе се знаат однапред, ние се грижиме и го вреднуваме нивниот труд, објави Трипуновски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close