fbpx
Вести

Доцнат земјоделските субвенции, од Платежната агенција велат, во тек е реализација

subvencii

Реџеп Сејдиовски од село Цветово,  15 години  се занимава со сточарство. Чува околу 220 овци, но субвенции од државата последен пат има примено во 2016 година. Аплицирал и за 2017 година, но не добил ништо. Реџеп раскажува колку му се важни парите за да продолжи со дејноста.

Реџеп од Платежната Агенција не добил никаков рок за исплата на субвенциите.  За 220 овци  би требало да добие повеќе од  220 илјади денари.

И Јонуз Мухареми од село Батинци во скопската околина, има проблеми со субвенциите. Поради  долг кон Министерството за Земјоделие, кој што го исплатил уште во 2015 година, но во некоја институција и натаму фигурира како неплатен,  Платежната агенција му ја одби апликацијата за субвенции.

За доцнењата и другите проблеми на сточарите од Платежната агенција објаснуваат само дека се работи за нивна исплата. Објаснувањето за другите проблеми е од административни причини, додава директорот.

Според Бабовски, Платежната агенција, речиси во целост ја има реализирано програмата за 2016 година . Во меѓувреме почнале со исплата на субвенциите за 2017 година, чија реализација, според законот треба да заврши до 30 јуни оваа година. Бабовски додава дека проблемите со исплатата на субвенциите се должат на разни пропусти, немање матичните броеви, жиро сметки или отсуство на доказ за исплатени долгови кон државата.


 

тв21

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close