„Иноватор 2013”: Домашната ракија да стане национален производ

(Oвој напис е објавен на: August 29, 2017)

Домашната ракија да се третира како посебен производ од национално значење кој нема да подлежи на акцизни давачки, а производителите да се здружат за заеднички настап на пазарите и постигнување поголема цена, е пораката од средбата во Општина Кавадарци што ја организира конзорциумот „Иноватор 2013”.

На средбата присуствуваа кавадаречки лозари, претставници на Регионалниот лозарски сојуз „Агротиквешија” и пчелари, а стана збор и за изработка на амбалажа и пакување на ракијата со цел нејзина продажба на фри-шопови и во дисконти. Така, беше речено, би се постигнала три до пет пати повисока цена од сегашната – во земјено пакување ракијата би чинела 10 до 15 евра, а во стаклено меѓу 7 и 10 евра.

„Иноватор 2013” го презентира проектот за производство, откуп и пласман кој опфаќа три видови домашни ракии: прополка, гроздова и анасонка.

Дали гроздовата ракија ќе биде бела или жолта, допрва ќе се договара.