fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

СКАНДАЛОЗНО-„Снајдете се за картони“-вака им рекле од Прилепски тутунски комбинат на кооперантите од Далија Табак

Дали Прилепски комбинат си поигрува со нас?, прашуваат кооперанти на Далија Табак од Струмичко

Снајдете се за картони, вака денеска им одговориле од откупното место на Прилепски тутунски комбинат во Радовиш на тутунари-кооперанти од стумичкото село Градашорце, но и на тутунари од други региони од Радовишко, поврдуваат за Зелена берза тутунари.

Откако тутунари кооперанти на Далија Табак денеска отишле да потпишат договори за преземање на тутун од страна на Прилески комбинат им било речено дека договорите ќе ги потпишат и тоа не е проблем, но за картони да се снајдат самите.

Револтирани кооперантите велат дека сигурно тутунот нема да им го носат на раце или во вреќи, што значи дека треба сами да си купуваат картони, што ќе им биде дополнителен трошок.

-После вчерашниот апел на Тутунски комбинат Прилеп отидовме до Радовиш за да потпишеме договори, но од откупното место ни кажаа дека договорите ќе ги потпишеме кога ќе донесеме тутун, но кога му рековме дајте ни картони, ни кажаа дека картони немаат треба да се снаоѓаме. Како да се снајдеме сега за картони, како да го однесеме тутунот, ова е голем проблем за нас, вели тутунар од Градашорце, познат на Зелена берза  кој сакаше да остане анонимен.

Нашиот тутунар според претходно потпишаниот договор со Далија Табак има договорено тутун за преземање на 600 кг, а за предавање има количина од  2,5 тони тутун, по што бара проблемот со картони да биде решен, а не товарот да падне на штета на тутунарите.

Зелена берза стапи во контакт со Кире станкоски, директор на ТКП

Кире Станкоски, генерален директор на Прилепскиот тутунски комбинат за Зелена берза изјави дека договорот е направен Далија Табак да им подели картони на тутунарите-кооперанти на кои сега Тутунски ќе им го преземе договорениот тутунот.

-Прилепски тутунски комбинат нема обврска да им подели картони на кооперантите од Дали Табак, туку посигнат  е договор картони за договорените количини на тутун да им подели Далија Табак, порачува Станкоски.

Што се однесува до вишокот на тутун што го имаат тутунарите кооперанти на Далија Табак треба да го пријават во подрачните единици на МЗШВ до 5 февруари, за да им биде откупен и вишокот, вели Станкоски.

ТКП ја презема количината на тутун договорена со  кооперантите на Далија Табак.

 

Според Кире Станкоски, генерален директор на Прилепскиот тутунски комбинат, најмногу зависи колку побрзо кооперантите се пријават да го потпишат договор со Комбинатот, побрзо ќе им се преземе родот.

– Упатувам апел кооперантите на „Далија табак“ што побрзо да го потпишат договорот со Прилепскиот тутунски комбинат за да може да почне преземањето на тутунот, вели Станкоски.

Комбинатот по регулирањето на документацијата веднаш е подготвен да откупи околу 440 тони тутун од кооперантите на „Далија табак“, фирма која не обезбеди банкарска гаранција дека ќе ги плати количествата тутун од кооперантите.  Колку побрзо тутунарите ги потпишат договорите, толку побрзо ќе се откупат количествата тутун.

-Ние сме отворени од утре, сабота, а ако не се потпишат договорите, и од понеделник, да ги преземеме количествата тутун. Тоа е договорено преку Министерството за земјоделство Значи сето зависи од повторното потпишување на договорите со кооперантите, за да може да ги остварат правата на субвенции, објаснува Станкоски.

Прилепскиот комбинат има пет пунктови во Радовишко и Источниот регион и е подготвен покрај договорните, да ги преземе количествата тутун од кооперантите од „Далија табак“. Крајно, сето зависи од потпишувањето на кооперантите со Комбинатот.

Анета Блажевска

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close