fbpx
Без категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Достапноста до храна – глобален проблем

Цените на пченицата, јачменот и вештачките ѓубрива вртоглаво растат на светските пазари, достигнувајќи зголемувања и до 40% по почетокот на војната во Украина и наметнувањето на тешките санкции на Русија.

Како глобалната нестабилност, предизикана од пандемијата и украинската криза, влијае врз произвоидството и достапноста на храната?

Синџирите за снабдување со храна што уште во текот на ковид пандемијата се најдоа под притисок, сега со војната во Украина се исправени пред нов предизвик со потенцијално страшни последици за глобалната стабилност. Цените на пченицата, јачменот и вештачките ѓубрива вртоглаво растат на светските пазари, достигнувајќи зголемувања и до 40% по почетокот на војната во Украина и наметнувањето на тешките санкции на Русија.

Според Гилберт Ф. Хонгбо, претседател на Меѓународниот фонд за развој на земјоделството при ООН, “Ова може да предизвика ескалација на гладот ​​и сиромаштијата со страшни импликации за глобалната стабилност.” Зголемувањето на цените предизвикано од конфликтот, кое се надоврза врз покачувањата предизвикани од пандемиските услови, ги донесе цените на храната на највисоко ниво во последниве 10 години. Па така напредокот којшто беше постигнат пред пандемијата во насока на намалување на гладта во светот сега ​​е уназаден, со дополнителни 100 милиони луѓе кои се најдоа на работ на опстанок.

Анализата направена од Меѓународниот фонд за развој на земјоделството (ИФАД) при ООН покажа дека ефектите од украинскиот конфликт, во поглед на снабдувањето со храна, ги чувствуваат и луѓе кои се илјадници километри подалеку.

Извештајот покажал дека во Сомалија, каде што зголемувањето на трошоците за струја и транспорт непропорционално влијаело врз сиромашните земјоделци и сточари кои најчесто користат дизел-мотори за наводнување на посевите. Во Египет цените на пченицата и сончогледовото масло драматично ескалираа, бидејќи земјата е зависна од Русија и Украина, од коишто набавува 85% од пченицата и 73% од сончогледовото масло.https://emiter.com.mk/vesti/19895

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close