fbpx
Двор и градина

Дренот како многу корисно растение

drenot kako mnogu korisno rastenie

 

Дрен ( Comus mas),припаѓа на фамилијата на дренови. Познат е по повеќе називи црвен дрен, дреновина, румен дрен. На пазарот се наоѓа сширок спектар на различни производи и преработки добиени од неговиот плод.

Самоник грмушка која расти секаде

Дренот е листопадна грмушка или ниско дрво, со висина до 6 м, со заоблена и густа крошна. Младите гранки се со зеленосмеѓа боја и малку влакнести. Листовите се јајчести и стојат спроти долги, извлечени врвови.Цветовите на дренот се жолти и се појавуваат пред лисјата. Дренот цвета во Февруари и Март.

Можи да расти насекаде, но најмногу е застапен на суви, сончеви и делови со камен на светлите листопадни шуми во заедница со други грмушки. Можи да биди распространет и на 1.300 м надморска висина. Плодот е долгунест, со коска, со црвена боја, со пријатен кислекав вкус, а дозрева на почетокот на есента. Се берат зрели плодови и кора од дрвото, која се суши на сонце или на умерена топлина.

Приносите од самоникиот дрен, во природата, се околу 10 кг по растение, но со современи истражувања и оплеменувања и селекција, се создадени дренови кои даваат 20- 50 кг по растение. На површина од еден хектар со 750- 2.400 раастенија, тоа изнесува околу 20.000- 25.000 т/ха. Многу е отпорен на болести и штетници, па е идеален за еколошко одгледување.

Идеален за еко одгледување и дава обилни приноси

Размножувањето е најуспешно кога ќе се изврши калемење, на пупката крајот на Јули и почетокот на август.  Дренот има голема хортикултурна улога. Заради својот интересен изглед тој трае повеќе сезони годишно. Касно на зима и рано на пролет дренот почнува да цвета, пред другите растенија, па неговите златножолти цветови даваат воодушевувачка слика. На крајот на летото и почетокот на есента, на местото на цветовите доаѓаат зрели, црвени плодови кои имаат и естетска вредност.

Есенската боја на листовите не е многу интересна. Дренот можи да се сади самостално, во групи, како заштита од ветер, за спречување на ерозија, но и како граница помеѓу нивите. Заради големата способност на прилагодување и скромните барања за раст, на помали површини овај вид можи да стани инванзивен, така да е потребно да се обрати внимание на неговото ширење.

Масло, замена за кафе и чај од дрен

Плодот и кората се пијат како чај, како лек против болести на цревата и трески, против пролив. Од зрелите плодови се спрема вкусен мармалад, овошен сок и вино. Од плодовите на дренот се печи ракија. Од семките можи да се добие мало количество на масло за јадење. Пржени а потоа мелени, семките можат да се користат како замена за кафе.

Во светот се обидуваат да ја популаризираат употребаа и козумацијата на дренот заради неговото поволно влијание на здравјето и високите прехранбени вредности. Плодовите на дренот содржат голема количина на антиоксиданси кои прават заштита од штетни слободни радикали. Тие се поврзани со нивото на смртност која ја предизвикуваат туморите и болестите на срцето. Дренот исто така содржи и шеќер, слуз, органска киселина, пектин. Многу богат извор е на витамин Ц, па во зависност од генотипот и потеклото, можи да содржи и до два пати поголема количина на  тој витамин од плодот на портокалот.

Богат извор на здравје

За припремање на џем е поребно- 2 кг плодови на дрен, 0,5 кг шеќер. Зрелите плодови на дренот треба да се измијат, да се стават во широк сад и да се загреваат на тивок оган дури не омекнат и да се одвојат од коските. Добиената маса потоа треба да се испасира, а потоа да се измеша со шеќерот. Се вари со непрекинато мешање до саканата густина. Ќистите тегли прво треба да се загреат, па во нив се тура од џемот додека е врел. Отворените тегли со џемот се оставаат да отстојат еден ден, а другиот ден се затвораат.

Сок од дрен се прави од 1 кг плод, 200 грама шеќер и 0,5 дцл вода. Плодовите на дренот треба да се измијат и исчистат, се преливаат со вода и се загреваат на тивок оган. Се варат уште неколку минути и откако смесата ќе зоврие, се пасира и се додава шеќер и се продолжува да се вари. Во затоплени шишиња потоа треба да се тури врелиот сок, да се затворат, да се завиткаат во крпи и да се остават да оладат.

Џем од дрен, како лек за проблеми со пробавата, се припрема од еднаква количина на плодови од дрен и шеќер. Смесата треба да се вари со непрекинато мешање 2 саати, со дрвена лажица, па потоа да се тури во затоплени тегли.

Дрвото на дренот заради неговата тврда и тешка структура, можи да послужи за различна намена. Можи да биди искористено за изработка на скали, делови за алат и сотанати производи направени од дрво. Заради своето рано цветање дренот е одличен за пасење на пчелите кои тогаш веќе почнуваат да излегуваат на отворено.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close