Државни грантови за земјоделците со примарна дејност
Овие олеснувања ќе ги имаат само земјоделците на кои тоа им е примарна дејност.
Граѓаните ја плаќаат цената на економската криза и инфлацијата. Едвај врзуваат крај со крај поради високите цени на основните прехранбени производи. Додека огромното мнозинство граѓани тешко се справува со овој шок, властите ветуваат дека покрај ад-хок мерките, прават стратегии и на долг рок за оваа криза да не се повтори следната година. Министерството за земјоделство ќе дава месечни грантови за купување на земјоделска механизација. Но, овие олеснувања ќе ги имаат само земјоделците на кои тоа им е примарна дејност.
За да добијат грантови до 10 илјади евра неповратни средства, земјоделците мора да бидат регистрирани и да поседуваат одредена површина земјиште. Агенцијата за финансиска поддршка денеска го отвори првиот јавен повик. До крајот на годинава за оваа мерка ќе бидат распределени 1,45 милиони евра. Директорот на агенцијата очекува значително да се зголеми домашното производство.https://alsat.mk/