Два дена откако му ги продаде акциите на Камчев во ЗК Пелагонија, „Софија Градба“ на Мијалков си ги врати назад
Компанијата „Софија Градба“ си ги врати акциите во земјоделскиот комбинат „Пелагонија АД Битола“
Компанијата „Софија Градба“ си ги врати акциите во земјоделскиот комбинат „Пелагонија АД Битола“ што претходно и ги продаде на „Орка Холдинг“ и сега е повторно мнозински акционер, објави https://fokus.mk
„ЗК ПЕЛАГОНИЈА АД БИТОЛА, согласно чл. 38 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје, известува дека настаната е промена на сопственост врз акции на начин што одреден досегашен сопственик со над 5% од вкупниот број на акции – друштвото ОРКА ХОЛДИНГ АД Скопје, повеќе не е акционер со над 5% акции, а повторно акционер со над 5% акции е друштвото СОФИЈА ГРАДБА ДООЕЛ Скопје со 46.046 акции, односно 22,69% од вкупниот број акции“, е последното известување поврзано со промените на сопственоста во битолскиот Комбинат.