вести

Струмичките земјоделци денеска блокираа регионален пат

zetva

Расте незадоволството на производителите на бостан од Струмица, поради ниските откупни цени на годинешниот род.

Расте незадоволството на производителите на бостан од Струмица, поради ниските откупни цени на годинешниот род. Откако претходните денови ги фрлаа лубениците и реагираа дека родот останува на нивите и скапува на горештините, денеска ја блокираа раскрсницата која води кон под Беласичките села. Причина за блокадата е како што велат, тоа што се уште не добиле одговор на нивните барања од Владата и од ресорното министерство.
Тие бараат итни средби со министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, да дојде да ги посети и конечно да најдат решение за проблемот со лубеницата.
Пред четири дена министерот Николовски се пофали дека откупот на бостанот оди без проблеми, но ситуацијата на терен очигледно не е таква.
Бостанџиите бараат да бидат обесштетени, а доколку ниту министерот Николовски, ниту некој надлежен од Министерството не ги посети во рок 24 часа, се заканија дека  ќе преземат и порадикални мерки и блокадата ќе ја продолжат и кон границата со Бугарија. Денешната блокада траеше половина час, а возилата беа пренасочувани кон локалните патишта.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close