fbpx
ВестиТоп вести

Две дињи продадени за повеќе од 25.000 евра

dinji

Две дињи од познатата „јубар“ се продадени за рекордни 3,2 милиони јени (повеќе од 25.000 евра) на аукција во Сапоро, Јапонија, објавија организаторите на аукцијата.

Таа сума, за која, за споредба, и во Јапонија може да се купи нов автомобил, на аукцијата ја надминала сумата од три милиони јени, колку што биле платени две дињи пред две години. Продажбата на дињи на аукција во Јапонија секогаш е шанса да се победи рекордот.

Ова е прва година на овие „јубар“ дињи, а ги купила локална фирма за пакување на овошје.

-Јубрарните дињи оваа година имаат добар род, бидејќи од почетокот на мај досега има повеќе сончеви часови, изјавил официјалниот преставник на аукцијата.

Јапонците имаат култ на луксузни плодови, а дињите кои растат на Хокаидо се заштитени производи и претставуваат еден вид луксузен подарок, како што некаде е скапото вино.

И обично овошјето во Јапонија е прилично скапо.


 

бриф.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close