Џон Ф.Кенеди-Највлијателниот и најпочитуван американски претседател од минатиот век
Не прашувај што твојата земја може да направи за вас, но што вие можете да направите за вашата земја!
Џон Фиџералд Кенеди, 29 мај 1917- 22 ноември 1963, е 35 претседател на САД, познат и под иницијалите ЏФК. Неговиот мандат траеше од 1961 година, до неговиот атентат во 1963 година. За време на неговиот краток мандат ги искусил Студената војна, Ракетната криза во Куба и го поддржал движењето за граѓански права.
По Втората светска војна служел во морнарицата на Пацификот, а по војната бил новинар. Во 1947 година бил избран во Конгресот, а во 1952 година станал сенатор.
За претседател на САД бил избран во 1960 година, а инаугуриран на 20 јануари 1961 година. Бил најмлад претседател во историјата на САД.
На 22 ноември 1963 година во Далас, во државата Тексас, врз него бил извршен атентат.
Бил убиен од марксистот Ли Харви Освалд во 12.30 часот додека во отворен автомобил минувал низ градот.
Харви со два куршума го погодил Кенеди, веднаш бил пренесен во болница каде по 30 минути бил прогласен за мртов. Тој ден Кенеди го посетил Далас како дел од изборната кампања во 1964 година. Со него во автомобилот биле неговата сопруга Џеки.
Иако малку се споменува, сепак фактите зборуваат дека Џон Кенеди е единствениот римокатолички верник што станал американски претседател. САД се доминантно протестантски христијани и речиси 90 отсто од претседателите на САД биле протестанти, мал дел неопределени верски, а сосема мал дел атеисти. Но, Џон Кенеди е единствениот претседател римокатолик. За некои теоретичари на заговори тука е и основата на нивното „проклетство“, но ако се погледне историјата на семејството, тогаш ќе се види дека трагичната судбина на Кенедиеви не почнува со првиот и единствен претседател од тоа семејство.
„Кенеди и‘ даде на цела Америка голема надеж. Овој оптимизам, оваа способност да ја отвори Америка за нови авантури – тоа е неговото наследство“, вели Марвин Калб од институтот „Брукингс“ и додава: „Би сакал денес да можеме да видиме повеќе од тоа“.