ДЗС: Попис- Македонци 58,44%, Албанци 24,30%
Прес-конференција на директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, заменикот-директор, Илми Селами и меѓународниот експерт од Словенија, Данило Доленц за податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021.
Вкупно резидентно население според изјаснувањето за етничка припадност.
Македонци 58, 44%
Албанци 24,30%.
Во Македонија вкупниот број на населението изнесува 1.836.713 милиони жители.
Со Пописот се попишани вкупно 2.097.319 лица, од кои 1.836.713 се резидентно население, а 260.606 лица се нерезидентно население.
Од резидентното население како Македонци се изјасниле 58,44 отсто од граѓаните, 24,3 се Албанци, 3,86 се изјасниле како Турци, 2,53 како Роми, 0,94 отсто се Власи, а 0,87 отсто Бошњаци.
Директорот Симовски истакна дека се попишани над 598 илјади домачинства, а просечното домаќинство брои 3,06 членови.
Најмала општина е Зрновци, а најголема Куманово. Густината на населеност на 1 км2 во Македонија изнесува 72,2 луѓе.
На 1.000 жени има 984,3 мажи, што значи дека жените се побројни.
Соопштение ДЗС.
Вкупното резидентно население на Република Македонија, на 5 септември 2021 година изнесуваше 1 836 713 жители. Од нив, 50.4 % се жени, а 49.6 % се мажи. Според возрасната структура, најголем процент од населението 7 % – се во возрасната група од 40-44 години. Куриозитет е што во Македонија е попишанo 51 лицe на возраст над 100 години. Според изјаснувањето за етничка припадност, 58.44 % проценти од населението се изјасниле како Македонци, 24.30 % проценти како Албанци, 3.86 % како Турци, 2.53 % како Роми, 0.47 % како Власи, 1.30 % како Срби и 0.87 % како Бошњаци и др.
Според религиската припадност 46.14 % се изјасниле како православни, 32.17 % како муслимани (ислам), 0.37 % како католици, а во овој Попис се појавија и други религиски заедници кои ги немаше во претходните пописи, а тоа се: евангелско протестантски христијани, агностици, будисти и други. 61.38 % од попишаното население се изјасниле дека мајчин јазик им е македонскиот, 24.34 % албански мајчин јазик, 3.41 % турски, 1.73 % ромски, 0.17 %, влашки, 0.61 % српски и 0.85 % босански јазик.
Бројот на домаќинства изнесува 598 632, а просечниот број на членови на домаќинствата изнесува 3.06.
Во рамките на Пописот 2021 беше овозможено македонските државјани кои живеат и престојуваат во странство повеќе од една година да се самопопишат преку веб-апликација која беше достапна на веб-страницата за Попис. Оваа можност ја искористија 258 932 наши сонародници од кои 24.55 % се изјаснија како Македонци, 66.42 % како Албанци, 4.78 % како Турци и др. Оваа категорија граѓани не влегува во вкупното резидентно население на Република Македонија.