fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Еден човек загина, а еден е повреден во пукање во село Батинци

Во потрага по убијците вклучени се и воздухопловни единици.

Утрово, во 9.25, во СВР Скопје било пријавено дека во скопско Батинци, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ кои биле од село Црн врв, објавува https://24.mk/

34 годишниот Абдуљ Басри Ибраимовски подлегнал на истрелите од автоматското оружје,  додека пак неговиот брат, 31 годишниот Зејнељ Ибраимовски во моментов е во Ургентениот центар. Неофицијално, убиениот се поврзува со напаѓачот познат во подземјето како Мали Репки или Зулќуфли Нуредини.

Жителите исплашени, не сакаа да зборуваат за ова убиство пред камерите.

Министерството за внатрешни работи на терен, мотивот засега непознат.  Во потрага по убијците вклучени се и воздухопловни единици.

„СВР Скопје, во координација со одделот за специјални полициски операции и одделот за водухопловни единици преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за расчистување на случајот.“ – Гоце Андреевски-портпарол во МВР.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close