fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Една тегла мед сега чини 1.200 денари, а лани чинеше 600 денари – дождот им го „загорчи“ животот на пчеларите

Цената варира зависно од кој регион на Македонија купувате и колку е тој мед навистина природен и квалитетен

Пчеларите ги зголемуваат цените на медот, па за да купите една тегла природен мед отсега ќе треба да издвоите од 1.000 до 1.200 денари, а цената варира зависно од кој регион на Македонија купувате и колку е тој мед навистина природен и квалитетен.

Пчеларите објаснуваат дека зголемувањето на цената на медот се должи на лошите временски услови, односно на лошата пролет која не донесе ништо друго освен обилни дождови.-Оваа сезона е многу слаба, бидејќи пролетта ни донесе само дождови. Токму тогаш кога цветаат растенијата и кога пчелите треба најмногу да работат и да собираaт полен, кај нас врнеа дождови, па пчелите практично беа спречени да работат. Кошниците се полупразни, ќе бидеме среќни ако годинава јас и моето потесно семејство каснеме мед. Не верувам дека ќе остане нешто за продавање, а и да остане ќе го продаваме двојно поскапо од лани. Немаме друго решение. Ланскиот мед го продававме 600 денари, а оваа година не го давам под 1.000 денари ливадскиот и 1.200 денари шумскиот – објаснува Петар Дојчиноски од Прилеп, кој додава и дека поскапувањето се должи и на растот на трошоците во пчеларството.-Оваа сезона е многу слаба, бидејќи пролетта ни донесе само дождови. Токму тогаш кога цветаат растенијата и кога пчелите треба најмногу да работат и да собираaт полен, кај нас врнеа дождови, па пчелите практично беа спречени да работат. Кошниците се полупразни, ќе бидеме среќни ако годинава јас и моето потесно семејство каснеме мед. Не верувам дека ќе остане нешто за продавање, а и да остане ќе го продаваме двојно поскапо од лани. Немаме друго решение. Ланскиот мед го продававме 600 денари, а оваа година не го давам под 1.000 денари ливадскиот и 1.200 денари шумскиот – објаснува Петар Дојчиноски од Прилеп, кој додава и дека поскапувањето се должи и на растот на трошоците во пчеларството.https://denar.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close