вести

Економските сметки во земјоделството

Економските сметки во земјоделството се развиени како основна задача за анализи во земјоделството (според  Државниот Завод за статистика). Кај мерењето на производството се применува “количина Х цена” пришто тоа се врши по тековни цени како и по цени од претходната година.

Кај изработката на сметките Државниот завод за статистика ги користи добиените податоци од редовните статистички истражувања, годишните сметки од Централниот регистар и податоци за исплатена финансиска поддршка во земјоделството од Платежната агенција за земјоделство и рурален развој.

Анализата на показателите од 2006 до 2015 година покажува перманентен пораст и по тековни цени и по цени од претходната година. Вредноста во 2006 година изнесува 66,0 милијарди денари, во 2010 година 76,4 милијарди денари , во 2015 е зголемена на 87,8 милијарди денари.

Таб. 1  Индекс на прoмени во вредноста во однос на 2006 година

Показател 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015
Произв. на земјоделска гранка 99,3 118,3 105,4 115,8 116,8 117,8 129,1 130,6 133,0
Растител. производство 95,2 105,6 96,3 107,2 109,1 109,8 120,3 122,5 124,6
Добиточно производство 112,7 160,5 124,0 124,0 121,2 124,7 128,0 127,5 130,8
Вкупно:растително + добиточно 99,3 118,2 102,7 111,0 111,9 113,2 122,1 123,6 126,0

 

Растителното производство има највисоко учество во вкупната годишна вредност, по тоа добиточното производство, па нивното ниво силно се одразува на вкупното ниво на производството на земјоделската деловна гранка. Покрај вредноста на растителното и добиточното производство,  земјоделската деловна гранка ја сочинуваат: услуги во земјоделството, неземјоделски секундарни дејности и субвенции на производството.

Таб. 2Структура на вредноста и земјоделската производна гранка

Показател 2006 2009 2012 2015
Растително производство 74,0 67,7 69,0 69,4
Добиточно производство 21,9 25,8 23,2 21,5
Услуги во земјоделство 0,3 0,3 0,4 0,5
Неземјоделски секунд. дејности 2,3 1,4 2,3 2,0
Субвенции на производството 1,5 4,8 5,1 6,6
Вк. земјоделската гранка 100,0 100,0 100,0 100,0

Вредноста на растителното производство е далеку највисока и учествува со околу 70% од вкупната вредност, додека добиточното производство помеѓу 21,5 до 25,8 %. Како што се гледа учеството на двете гранки опаѓа од 2006 до 2015 година, а расте  учеството на субвенциите на производството од 1,5 % во 2006 год, на 6,6 во 2015 година кога субвенциите достигнале 5,72 милијарди денари, односно 90 милиони евра.

Субвенциите на производството не е приход создаден од земјоделците, додека услугите во земјоделството и неземјоделските секундарни дејности, учествуваат симболично во формирањето на вкупната вредност, затоа повеќе внимание ќе посветиме на движењето на приходот на растителното и  добитичното производство.

Таб. 3  Износ на земјоделските економски сметки

Показател 2006 2008 2010 2012 2014 2015
Растително производство 48.880 51.634 52.412 53.682 59.885 60.926
Добиточно производство 14.445 23.199 17.927 18.027 18.428 79.833
Вкупно 63.355 74.833 70.339 71.709 78.313 79.837
Базен индекс 2006 год. 100 118,2 111,1 113,2 123,6 126,0
Тековен индекс 100 118,2 94,0 101,9 109,2 101,9

 

Податоците ги претставуваме преку една година поради ограничениот простор, но тоа не ги менува првобитните податоци за пораст на земјоделските гранки (растително и добиточно производство) и тоа се гледа од индексот на промени во таб. 1.

Вкупните податоци (таб.3 )  покажува дека македонското земјоделство е ниско интензивно и неговите вредности (според таканаречените “економски сметки”) се показател на релативно ниско продуктивно производство, бидејќи околу 80 милијарди денари се остварени во последната година од анализите (2015) од 500 илјади хектари обработлива површина во Македонија. Ако се анализираат приходите на поважните производи од 2011 до 2015 година ќе се види дека вредноста кај житата изнесува 77 % (во 2015 во однос на 2011 година)  индустриските растенија 92,8 %,компирот 92,1 %, додека сите други ставки од кои е формирана вкупната вредност се со релативно висок пораст, на пример: виното е со пораст од 166,6 %, фуражните растенија со 136,3 % добиточното производство со 114,9%, додека вредноста на добитокот е 100,1%.

 

Се смета дека инфлацијата би можела да има  силно влијание на релативно високиот раст на вредноста на економските сметки. Ние не се обидовме да ги дефлацираме изнесените вредности, зошто инфлаторните  вредности навистина се доста променливи по  години и не биле така високи да имаат некое поголемо влијание на изнесените податоци. Во овие 10 години (од 2006 до 2015 година) во  три години инфлацијата била негативна (2009, 2014 и 2015 год.). Највисока инфлација од 6,1 % (според Државниот завод за статистика) бил од 2007 година и тоа 4,7 % во 2012 год. и 4,1 во 2008 год. додека во останатите години таа се движела околу 3 %, со искучок на 2013 год. кога изнесувала 1,3 %.

Извор на податоци статистички годишник на РМ 2012 и 2017, страна 408 соодветно 451

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close