Без категорија

Елвис Еминовски одгледува овци Асаф, остана без субвенции по грло за 2024, и без плати за овчарите за 2023 и 2024

Јагнето не смее да биде под 300 денари за килограм на откуп.

Елвис Еминовски, е млад сточар на 37 години од село Доленци, битолско и досега не зел субвенции за 2024 година по грло опца, ниту пак му се исплатени плати за овчарите иако има решенија и за 2023 и за 2024 година, но пари нема. Елвис во 2021 година набави овци од расата Асаф инвестиција од 5.5 милиони денари за 275 овци. Сега во неговото трло има 350 овци и како што вели субвенции не зел бидејќу женското јагне не го дава в кланица го чува за приплод. Од Власта бара да се укине обврската одгледувачите на овци да носат 50 или 30 проценти јагниња в кланица од вкупниот број на овци. Стадата овци треба да растат  а не да се уништуваат со штетени мерки за сточарите.

„Решение имам уште од септември за исплата на платите на овчарите за 2023 и уште едно од декември за 2024 плати за овчарите, ама пари нема. Ни з аовците по грло не зедов пари. Не ми ги исплатија сбвенциите бидејќи не ја исполнив бројката за предадено јагне, 50 проценти од бројот на овците. Кај мене овците се сите од расата Асаф, увезени од Шпанија и женско јагне чувам за приплод, не го давам на кланица. Машко јагне предадов, но не било доволно. Сега за 350 овци не ми исплатија по 1400, и штетта кај мене е 490.000 денари. Ова е голем финансиски удар за еден сточар. Стоката бара храна, вели Елвис во изјава за „Зелена берза“

Фармата „Емини“ Дооел од битолско Доленци дури 80 проценти од храната за стадото овци сама ја произведува.

„За храна се снаоѓам со сопствено производство, купувам само околу 20 проценти од храната. Јас произведувам 80 до 100 тони овчко млеко и го предавам во Лакталис по цена од 62 денари за литар, барем така беше за ланската година. Затоа апелирам да се укине обврската да се дава во проценти јагне на кланица и цената на јагнето на откуп да е минимум 300 денари по килограм живо. Само да споредам во 2020 јагнето ни го откупуваа за 220 од кило живо и сега во 2026 не може да има иста цена, сега е голема скапотија, инфлација и цената не смее да е подолу од 5 евра за кило“, изјави Еминовски за „Зелена берза“.

Анета Блажевска

 

Поврзани новости

Back to top button