fbpx
ВестиЛов и риболов

Ендемската пастрмка и забранета се служи

Охридската ендемска пастрмка, и покрај целосната забрана за ловење, може да се најде во охридските и во струшките ресторани, во Битола, па дури и во некои скопски ресторани. Рибата се лови на албанската страна на езерото каде што надзорот е полабав и, преку шверцерски канали, завршува на трпезата во угостителските објекти во Македонија.

endemskata pastrmka i zabraneta se sluzhi

 

Доказ за внесувањето на рибата од Албанија во Македонија се царинските контроли, со кои во септември годинава, во два наврата, бил спречен нелегален транспорт на вкупно 35 килограми свежа риба на граничниот премин Ќафасан. Рибата, и во двата случаи, била превезувана со автомобили со албански таблички, а против возачите албански државјани поведена е прекршочна постапка. При едната контрола биле запленети вкупно 15 килограми свежа риба во седум најлонски кеси, сместени зад задното седиште, а при втората контрола 20 килограми свежа риба, која била сокриена во две торби Угостителите во Охрид се свесни за забраната за ловење на охридската пастрмка, но велат дека поради барањата на странските и на домашните туристи да го јадат овој специјалитет, сепак, одлучуваат да им ја понудат на гостите.

“Ни ја носат луѓе, и воопшто не прашуваме од каде ја набавиле. Набавната цена е многу висока, поради што е висока и крајната цена која ја плаќаат гостите”, ни рече сопственик на еден ресторан на охридското крајбрежје. Според охридските и струшките угостители, пастрмката е заштитен знак на овие два града, и срамота е да дојдеш на Охридско Езеро, а де не го пробаш овој вид риба, па затоа бараат државата да најде начин за нејзина легална продажба. Охридското Езеро годинава треба да се пориби со 2,5 милиони единки ендемска пастрмка. Дел од подмладокот беше пуштен на почетокот од минатиот месец. Но и покрај повеќегодишната програма за порибување на езерото, министерот за земјоделство Михаил Цветков изјави дека пастрмката се уште ја нема доволно и оти, покрај Македонија, на заштита на езерото треба да работи и Албанија.

Охридското Езеро порибено со нови 30 000 млади јагули

Охридското Езеро вчера беше порибено со нови 30 000 парчиња подмладок од јагула со големина од 35 до 40 грама од АД ЕЛЕМ. Порибување се вршеше на седум локации Радожда, Калишта, Струга, Сатеска, Андон Дуков, Охрид и во најдлабокиот дел од езерото. ЕЛЕМ, според директорот на ХЕЦ “Црн Дрим” Тони Маркоски, ја продолжува традицијата со порибување на Охридското Езеро со подмладок од јагула, поради попречувањето на патот за природен мрест на јагулата со изградба на електраните.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close