fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Променливо облачно со повремени врнежи, на некои места ќе има и невреме

Сончево во петок и сабота, а потоа ново дестабилизирање на времето

Променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд најавува за денеска УХМР. На повеќе места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар.

Локално, велат од УХМР, на некои места ќе има и краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветар, а можен е и град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а во текот на денот максималната ќе се движи од 17 до 24 степени.

Пороен дожд, грмежи и ветер попладне во Скопје

Во Скопје се очекува да биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од скопската котлина ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Сончево во петок и сабота, а потоа ново дестабилизирање на времето

Во четврток ќе се задржи променливото облачно време со сончеви периоди, а на места ќе има повремени врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер. Во петок и сабота ќе преовладува сончево и потопло време со умерена облачност, а од недела повторно се очекува дестабилизирање на времето.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close