fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаМлад земјоделецРурална ЖенаТоп вести

Ердован и Емине вложија во систем капка по капка кај тутунот и плус систем под фолија кај пиперот

Од се' што посадија Исламоски од Канатларци најголема добивка очекуваат од тутунот

Ердован и Емине Исламоски од селото Канатларци се сопружници, млади земјоделци кои и оваа година насадиле тутун, бостан, сончоглед, пипер, посеале пченица и што е најважно поставиле систем капка по капка на дел од нивите за да немаат мака со сушата и да не им се намалат приносите.

Ердован вели дека годинава насадиле тутун на 60 декари, ја берат втората рака и дека многу се задоволни од родот. Годинава очекуваат најмногу да им се исплати по 500 денари за килограм тутун, плус субвенциите.

-Очекуваме цена повисока од лани, оти годинава тутунот  е со многу добар квалитет, а и немаат тутунарите многу насадено. Малку е род. Најмалку цената треба да биде 500 денари од килограм. Ама ќе видиме рано е за пазар правање, вели младиот Ердован додавајќи дека на нивите со тутун поставил систем капка по капка, за да немаат мака со сушата и многу се задоволни.

Покрај тутунот, Ердован и Емине имаат насадено 1 хектар бостан, 6 декари пипер, 60 хектари сончоглед, 50 хектари пченица.

Најмногу ќар очекуваат од тутунот.

На површина од 6 декари семејството Исламоски посади и пипер под систем со фолија  и систем капка по капка. Ердован вели садено е корен по корен со колце и задоволни се од родот.

Исламоски годинава засадија и 1 хектар со бостан. Послатки лубеници нема на пазарот.

Ердован и Емине сами ја сработија жетвата на пченицата, а родот го складираја во силоси и чекаат повисока цена. Ердован гордо вели дека неговата сопруга со тракторот од нива ја носела пченицата до силосите додека тој жнеел.

-Од 50 хектари, ожнеавме  200 тони пченица, вели Ердован.

Одлично напредуваат и нивите со сончоглед, се очекува добар род.

 

Автор Анета Блажевска

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close