fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ниските утрински температури може да предизвикаат штети кај процветаните дрвца

Земјоделците да преземат мерки

Високите температури минатата недела ја активираа вегетацијата и кај некои култури се појавија цветови. Но, студените утра деновиве може да предизвикаат појава на слаб до умерен мраз и да причинат штети, особено кај коскестите видови, сливата, раните сорти кајсии и бадемот.

Според агрометеоролозите, појавата и јачината на мразот не е секаде еднаква, многу зависи од позицијата на теренот и конфигурацијата на земјиштето. На земјоделците им се препорачува да преземат содветни мерки за заштита на посевите од измрзнување.

– Ниските минимални утрински температури кои се очекуваат во текот на следните денови, од агрометеоролошки аспект можат да причинат штети со појава на слаб до умерен мраз, особено кај коскестите видови, сливата, раните сорти кајсии и бадемот, претежно оние кои се веќе процветени. Се препорачува земјоделските производители да преземат содветни мерки за заштита на нивните посеви од измрзнување – велат агрометеоролозите од УХМР.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close