fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Жетвата во Хрватска во полн ек, откупната цена на пченица 0,90 кн / кг?

Оваа година, доколку временските услови останат поволни, земјоделците во источна Хрватска би можеле да имаат една од подобрите жетви, оценува хрватската стопанска комора, округот Осијек

Жетва на есенски култури – пченица, јачмен и маслодајна репка – на полињата Славонија и Барања е вополн ек и би можела да заврши во наредните десет дена, а приносот на пченицата може да биде значително повисок од лани, додека нејзината откупна цена се движи од 90 липа до 1,20 куни за килограм, соопштува Хрватската стопанска комора – Осијек.
На приближно половина од досега собраната пченица во округот Осијек-Барања, приносот на пченицата се движи од 6,5 тони на хектар до дури 10,5 тони на хектар во полињата на големите земјоделски компании, според информациите на окружната комора.
„Според сегашните показатели, се очекува дека просечниот принос на пченицата по хектар во округот може да биде десет проценти поголем отколку во 2019 година“, се вели во соопштението.
Минатата година во Хрватска просечниот принос по хектар беше 5,6 тони пченица, додека во округот Осијек-Барања беше повисок од 6,2 тони на хектар. „Оваа година, доколку временските услови останат поволни, земјоделците во источна Хрватска би можеле да имаат една од подобрите жетви“, проценува окружната комора.
Како што соопштуваат , откупните цени на пченицата се движат од 0,90 до 1,20 куни за килограм, што зависи од квалитетот.
Минатата есен пченицата во Хрватска беше посеана на 138 илјади хектари, од кои во округот Осијек-Барања на 45 илјади хектари.

Извор:агроклуб

 

Слични написи

Back to top button
Close