fbpx
Без категоријаВести

Финансиска поддршка за изградба на патишта до обработливите површини

Центрите за регионален развој во земјава можат да побараат финансиска поддршка од Министерството за земјоделство за изградба на приоди за пристап до обработливите земјоделски површини. Објавен е јавен повик ќе биде отворен до 15-ти јули, а на располагање се средства од 30 милиони денари…

Министерството за земјоделство планира да финансира проекти за подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја со интензивно земјоделско производство.

За финансиските средства во висина од 30 милиони денари можат да аплицираат сите центри во државава регистрирани според Законот за рамномерен регионален развој.

Центрите меѓу другото треба да достават и Предлог проект со детална анализа, финансиски план и рок на имплементација на проектот.

Максималниот износ што можат да го добијат изнесува 10 милиони денари по корисник за покривање на трошоците за изградба на патната инфраструктура во подрачјата со развиена земјоделска дејност и со обработливи површини.

Барањата се доставува до Министерството за земјоделство, а одобрувањата ги спроведува комисија.

Крајниот рок за доставување на барањата е 15-ти јули 2018-та година.

 


 

мрт

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close