fbpx
ВестиМакедонија

(Фото) Вработените во фирмите за организирање настани бараат итни мерки за спас на дејноста

Вработените во фирмите за организирање настани, популарно наречената ивент индустрија, протестираа денеска пред Владата, при што булеварот беше преплавен со специјални кутии – сандаци со опрема за поставување сцени

Вработените во фирмите за организирање настани, популарно наречената ивент индустрија, протестираа денеска пред Владата, при што булеварот беше преплавен со специјални кутии – сандаци со опрема за поставување сцени. Минатата недела на истиот простор и на протест на организаторите на свечености, беа поставени маси за импровизирана свадба.

На денешниот протест од Владата беше побарана неповратна финансиска помош и итна средба со владини претставници. Симболично, со поставените кутии за опрема и едночасовен молк, беше испратена пораката до надлежните дека една година не се во можност да организираат настани и не можат да ја извршуваат дејноста. Според учесниците на протестот, и покрај тоа што во петтиот пакет мерки е предвидена помош и за ивент индустријата, сепак, велат дека мерката е неразбирлива и дека Владата не ги испочитувала барањата на оваа дејност.https://nezavisen.mk/foto-vrabotenite-vo-firmite-za-organiziranje-nastani-baraat-itni-merki-za-spas-na-dejnosta/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close