Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Георгиевски: Откупот на тутун тече во најдобар ред
Заклучно со 4 јануари 2022 година откупени се 10.522 тони на сите 173 откупни пунктови, со просечна цена од 191 денари од вкупно договоренaта количина од 22.137 тони, изјави Гоце Георгиевски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ .

Откупот на тутунот тече со одлична динамика, тутунарите да не наседнуваат на лагите на ВМРО-ДПМНЕ.
Заклучно со 4 јануари 2022 година откупени се 10.522 тони на сите 173 откупни пунктови, со просечна цена од 191 денари од вкупно договоренaта количина од 22.137 тони.
Тоа значи дека се откупени скоро половина, односно 50 отсто од договорената количина.
Согласно Законот за тутун, откупот трае до 31 март, што значи дека динамиката на откуп на тутунот е добра.
За да нема никакви неправилности и малверзации при откупот, од самиот почеток на откупот Државниот инспекторат за земјоделство е постојано на терен, и ќе биде присутен се до завршување на откупот.