fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиЕкологијаМакедонијаТоп вести

Голем помор на риба во Вардар, кај Градско

Кога се излеало езерцето, водата со фекалиите поминала под мостот на патот Велес – Градско, оттаму, преку една нива, директно во реката Вардар, по што е предизвикан поморот – појасни Наумоски.

Голем помор на риба и на друг жив свет во Вардар, кај Градско. Утрово, во 4:30 часот, се случи пукање на браната на езерцето на биогасната централа Вардар „Биогас“ во Градско.

Даниел Наумоски од ЗСР „Бабуна“ – Велес вели дека бил известен за поморот рано утрото, од рибочуварската служба во Градско, која направила увид на терен и увидела дека поморот е предизвикан поради пукање на браната на езерцето на биогасната централа Вардар „Биогас“, во кое се собираат фекалиите што се користат како репроматеријали за работа на биогасната централа.

– Кога се излеало езерцето, водата со фекалиите поминала под мостот на патот Велес – Градско, оттаму, преку една нива, директно во реката Вардар, по што е предизвикан поморот – појасни Наумоски.

За поморот, од ЗСР„Бабуна“ го известиле градоначалникот на Општината Градско, со кого се во контакт и ги координираат активностите во врска со поморот на рибата.

Од ЗСР „Бабуна“ го известиле и надлежниот Државен инспектор за животна средина, кој веќе е на терен и прави увид. За поморот на рибите, од ЗСР „Бабуна“ го известиле и локалниот инспектор од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close