Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во декември три нови повици за ИПАРД, најавува Даниела Иротова

Вкупниот финансиски фонд за седумгодишниот програмски период изнесува 198 милиони евра.

Во интервјуто за „Слободен печат“ директорката зборува и за руралниот развој, поддршката за младите земјоделци и жените во руралните средини, како и за проблемите со реализацијата на ИПАРД-програмата. Таа најавува дека во декември ќе бидат објавени три јавни повици за различни мерки, при што на располагање ќе бидат ставени средства од програмскиот период за 2027 година.

Вкупниот финансиски фонд за седумгодишниот програмски период изнесува 198 милиони евра. Директорката објаснува дека досега биле исплатени средствата за сите одобрени и проверени барања за кои било побарано плаќање. Посебно ја издвојува и мерката за руралните жени, за која е предвидена неповратна поддршка до 360.000 денари за набавка на опрема. Со измените, жените повеќе нема да мора да поседуваат сопствен имот, туку ќе можат да аплицираат и како членови на земјоделско стопанство.

За младите земјоделци, пак, се подготвуваат дополнителни критериуми за да се спречат злоупотреби со набавената механизација и опрема.

-Агенцијата е партнер на земјоделците, не нивен противник. Сакаме средствата да стигнат до луѓето што навистина произведуваат храна. Во Агенцијата имаме прекрасни луѓе кои работат повеќе од 20 години, ја знаат својата работа и не верувам дека некој досега имал таква намера. Иако имаме судски процеси во кои се опфатени десетици наши вработени, ќе видиме како ќе завршат тие постапки. Сепак, најголемиот дел, односно 70 до 80 проценти од вработените, се чесни луѓе кои професионално си ја вршат работата и се подготвени да им помогнат на земјоделците за средствата да стигнат до вистинските производители – порачува Иротова Лазарева, за „Слободен печат“.

 

Поврзани новости

Back to top button