fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Градинарите ќе добијат пет денари плус заради падот на откупната цена на зелката

Убава вест!!!Преку интервентниот фонд за земјоделството ќе се исплаќаат по 5 денари од килограм за предадената пролетна зелка заради падот на откупната цена, јавува Канал 5.

Ова е ветувањето со кое се ставија протестите на струмичките градинари во мирување и за кое се чекаат претставници од министерството за земјоделство утре во Струмица за да се договори моделот како да се дојде до брза исплата на сите оние кои зелката ја продале по 15 денари колку што е во моментов како надополна на разлика од производната цена која е висока заради поскапувањето на сите репроматеријали, јавува Канал 5.

Градинарите од струмичко очекуваат што побргу да се почне со исплата на ветените 5 денари заради што и бараат тоа да биде преку интервентниот фонд бидејќи мора веднаш по собирањето на зелката да инвестираат во нафта, препарати, семиња и ѓубрива за да на истите ниви да произведат и втора култура која најчесто е црвената пиперка ајварка со што максимално се искористуваат нивите за производство на домашна храна.

Зелката речиси секоја година ја има на околу 5 илјади хектари и првата култура по чиј откуп и постигнати цени се гледа каква ќе биде годината. Оваа година заради проблемите со украинскиот пазар каде најмногу се извезуваше и се постигнуваа високи цени се почувствува преку пад на откупните цени од првичните 35 на сегашните 15 денари во екот на најинтензивните берби и кога за берба чекаат уште 40% од нивите.

Земјоделскиот инспекторат е постојано на терен по откупните пунктови да го следи процесот бидејќи имаше информации дека при откупот во белешките се запишуваат повисоки откупни цени. Според проценките за оваа мерка ќе треба да се одвојат околу милион евра од интервентниот фонд.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close