fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Градоначалникот на Росоман Николов -Владата обезбеди пари за обесштетување на овоштари од Росоман за претрпени штети од мраз

На сметките на земјоделците се исплатени парични средства во вкупен износ од 10.780.837,00 денари. Паричните средства ќе бидат на располагање во текот на утрешниот ден, соопшти градоначалникот Николов.

Со одлука на Владата обезбедени се парични средства за надомест на штета од елементарна непогода – мраз, што ги зафати земјоделските површини во текот на 2022 година, информираше попладнево градоначалникот на Росоман Стојан Николов.

– На сметките на земјоделците се исплатени парични средства во вкупен износ од 10.780.837,00 денари. Паричните средства ќе бидат на располагање во текот на утрешниот ден, соопшти градоначалникот Николов.

Тој нагласи дека се прават континуирани заложби за подобрување на животот на росоманци без разлика во кој дел од општината живеат.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close