fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Бањички кромид и домати ќе има помалку, дождот удира по земјоделието

Регионот на гостиварска Горна и Долна Бањица е надалеку познат токму по овие земјоделски производи. Агрономите велат дека невообичаено долгиот врнежлив период ќе има влијание врз приносите, а ја зголемува и појавата на болести кај земјоделските култури.

Секојдневните обилни врнежи од дожд во јуни носат маки и проблеми за земјоделието. Одредени култури, како кромидот и доматите (јабучар) се на ризик од преполовување на родот. Регионот на гостиварска Горна и Долна Бањица е надалеку познат токму по овие земјоделски производи. Агрономите велат дека невообичаено долгиот врнежлив период ќе има влијание врз приносите, а ја зголемува и појавата на болести кај земјоделските култури. Дождовите не им дозволуваат на земјоделците да влезат во нивите навреме.

„Времето секако влијае на приносите, на сеидбата и другите земјоделските активности кои вообичаено се прават и се случуваат во овој период од годината. Проблемот е што подолго време врне, а на почетокот од сезоната земјоделците ги извршија сите подготвителни  работи, извршија посев на расадот и кога требаше да го пресадат почнаа дождовите, значи има голема влажност, и не успејаа сите на време да ги посеат културите. Доматите имаа добар расад, навреме никнат, но кога требаше да го пресадат се задоцни. Проблем е времето, бидејќи има голема влажност и се јавуваат доста болести. Најчесто бактериоза, сите бактерии се на земјината кора, а има и габични заболувања.“, вели агрономот Северин Фазлија, кај кого земјоделци од гостиварскиот регион секојдневно доаѓаат да се советуваат и консултираат. Повеќе на https://gostivarpress.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close