Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Хрватска врати пратка со краставици од Србија поради присуство на пестицид
Се работи за пестицидот хлорпирифос
Од граница е вратена уште една пратка со земјоделски производи од Србија – овој пат се работи за краставици во кои имало пестицид хлорпирифос.
Истата била во количина од 0,060 mg/kg што ја надминува дозволената граница од 0,01 mg/kg.
Пратка со краставици од Србија е запрена на хрватската граница бидејќи, како што е наведено на веб-страницата на РАСФФ, пронајден е хлорпирифос, а товарот од Србија е означен како потенцијално ризичен, пренесува Време.
Лани во ова време РАСФФ соопшти дека на граница биле запрени и свежите краставици од Србија наменети за словенечкиот пазар.
Како што тогаш беше наведено на веб-страницата, кај нив бил пронајден фунгицидот металаксил, а по контролата на границата е одлучено краставиците да се уништат.