fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

И денес ќе биде многу топло, температури до 41 степен

Минималните температури ќе се движат од 16 до 23 степени, а максималните од 31 до 41 степен.

АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: И денес ќе биде многу топло. Дневните температури на места ќе достигнат околу 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот ќе има многу висока вредност 10.
Кон крајот на денот во североисточните делови ќе има услови за краткотрајна нестабилност со дожд, грмежи и засилен ветер.
Можно е да е слика од текст

Сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Синоптичарите прогнопзираат дека кон крајот на денот во североисточните делови на земјата ќе има услови за краткотрајна нестабилност со дожд, грмежи и засилен ветер.  Индексот на ултравиолетово зрачење ќе биде 10.

Минималните температури ќе се движат од 16 до 23 степени, а максималните од 31 до 41 степен.

Во Скопје времето ќе сончево со мала облачност и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close