fbpx
ВестиМакедонија

И денеска врнежи од дожд и снег, пообилни во западните и северните делови од земјава

„Баба Марта“ е непредвидлива

Врнежите од снег не потсетија на зимата, иако календарски сме веќе во пролетта. И овој пат се пакажа дека „Баба Марта е непредвидлива.

Снегот предизвика проблеми на повеќе патни правци, но и донесе радост за најмладите, и за љубителите на зимските спортови.

Метеоролозите за денес прогнозираат облачно со врнежи од снег на планините и на повисоките места. На југоистокот од земјава врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и во северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 9  Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно и студено со повремен дожд, што кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе преминува во снег. Минималната температура ќе биде околу нула, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Утре и во среда ќе дува умерен до силен северен ветер најизразен долж Повардарието и ќе има услови за повремен снег на планините и повисоките места. На пониските места ќе има повремен дожд кој ќе преминува во снег. До петок ќе се задржи студено, а утринските температури ќе бидат најниски во среда и четврток.

Слични написи

Back to top button
Close