Државата годинава за првпат ќе ги субвенционира сточарите кои ќе го осигураат добитокот.
Досега покриваше 60 отсто од полисите на земјоделците кои произведуваат храна од растително потекло. Годинава за првпат ќе ги субвенционира и фармерите.
Тие треба само да изберат осигурителна компанија и полиса, да платат 40 отсто од сумата, а остатокот ќе го доплати платежната Агенција. Фармерите задоволни од мерката, очекуваат со ова да се зголеми сточниот фонд со кој располагаат.
Од осигурителниот сектор посочуваат дека со субвенциите од страна на државата има силен развој во земјоделското осигурување. Ланската година имало околу 50 отсто пораст на продажбата на полиси за оваа намена. Годинава очекуваат поголема продажба на полисите за осигурување на добитокот.