Индексот на цените на растителното производство изнесува 97.2, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 102.9

(Oвој напис е објавен на: January 16, 2019)

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во декември 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 1.7 %, а кај аутпутот се бележи намалување од 1.4 %.

Во декември 2018 година, во споредба со декември 2017 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 101.8, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101.1.

Во делот аутпут, во декември 2018 година, во споредба со декември 2017 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 97.2, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 102.9.


 

biznisvesti

Share Button