fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Индија ќе забрани извоз на шеќер

Индија им дозволи на фабриките да извезат само 6,1 милиони тони шеќер во текот на тековната сезона до 30 септември, откако минатата сезона им дозволи да продадат рекордни 11,1 милиони тони.

Неименувани владини извори соопштија дека Индија од почетокот на октомври ќе забрани извоз на шеќер во следната сезона, што е првпат во изминатите седум години. Таквата одлука најверојатно ќе ја зголеми цената на шеќерот на берзите во Њујорк и во Лондон.

– Нашиот примарен фокус е да ги исполниме локалните барања и да произведуваме етанол од вишок шеќерна трска. Во наредната сезона нема да имаме доволно шеќер за извозни квоти, истакна неименуван владин извор.

Индија им дозволи на фабриките да извезат само 6,1 милиони тони шеќер во текот на тековната сезона до 30 септември, откако минатата сезона им дозволи да продадат рекордни 11,1 милиони тони.

Според официјалните податоци, во западната држава Махараштра и јужната држава Карнатака, кои заедно сочинуваат повеќе од половина од вкупното производство на шеќер во Индија, досега пријавија дека производството е дури за 50 проценти под просекот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close