fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

ЕУ воведува забрана за продажба на стоки произведени со принудна работа и експлоатација

Ужасно е тоа што во 21 век во светот се уште постојат ропството и принудната работа.

Советот на ЕУ и Европскиот парламент се договорија околу текстот на регулативата со која на пазарот на Унијата ќе се забрани продажба на стоки произведен со принудна работа и со експлоатација на работници.

Според белгискиот вицепремиер и министер за економија и вработување Пјер-Ив Дермањ, со усвојувањето на оваа регулатива ЕУ сака да се осигура дека на единствен европски пазар нема место за производи направени со принудна работа, без разлика дали се произведени во Европа или во странство.

– Ужасно е тоа што во 21 век во светот се уште постојат ропството и принудната работа. Ова грозоморно злосторство мора да се искорени и првиот чекор за да се постигне тоа се состои во разбивање на деловниот модел на компаниите кои експлоатираат работници, порача Дермањ.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во договорениот текст на регулативата се задржува главната цел на првичниот предлог за забрана на продажбата и извозот на овие стоки во ЕУ, но дополнително се прецизираат надлежностите на Европската комисијата и на националните тела во процесот на истраги и носењето одлуки.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close