fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Исхрана на стелни крави

Исхраната на стелните крави базира на целиот период на засушеноста, а нормативите
се направени врз основа на живата мера и очекуваната дневна млечност преку годината.
Овие нормативи се однесуваат само за крави кои се нормални хранети само во млечниот
период.Кај кравите кои сеуште се во пораст се зголемува дневната дажба за 1-2 крмни
единици и на секоја крмна единица 110-120 сварливи протеини, калциум9-10 грама,
фосфор 5-6 гр. и каротин 40-50 мили грама. Ова особено се однесува за минералните
материи бидеќи тие се нај осетливи кај ваквите грла . Познато е дека при лечење на
млекото т.е. при лачење на еден литар млеко се излачува 1 гр.калциум, 0,9 гр. фосфор и 2
гр. сол.
При крај на лактацијата дажбата треба да се зголеми за 10-15% од хранливи материи кое
количество ќе послужи како аванс за следната лактација , како аванс за следната
лактација, како и за порастот на фетусот.
При овај вид домашни животни се поаѓа од живата мера на животното продукцијата и
категоријата на животното.
Така на секои 100 кгр. жива мера доаѓа 1,5 кгр.сува кабаста храна, односно 4-5 кгр.сочна
кабаста крма од што би требало да отпадне 10% на силажа. При исхраната на овиие
категории крави треба да се вклучат и концентрираните крми доколку не се користат
кабастите крми, количината на концентрираните крми е нормирана да следната лактација
биде зголемена за 10-15%.
Во оваа категорија треба да се биде многу претпазлив при користење на сочната крма
односно силирана , не смее да се дава храна која која е загадена механички , хемиски
микробиолошки или на кој било друг начин бидеќи ваквата храна предизвикува одредени
последици во организмот (абортус) и др. Животните не треба претерано да се хранат
бидеќи тоа го отежнува варењето и животните ги прави прилично троми.

Извор:АПРЗ

Слични написи

Back to top button
Close