fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Прилеп зафатен од невреме, три возила заглавени на излезот

По пат на пријава од граѓани побарани се интервенции во три семејни куќи: на ул.,,Цане Коњарец“, ул.,,Ножот“ и ул.,,Ердован Шабановски“. Од страна на ТППЕ одговорено е на сите пријави, но поради ниското ниво на водата во поплавените простории не се интервенирало.

Попладнево околу 15 часот, Прилеп беше зафатен од пороен дожд, при што на излезот од овој град кон Битола, по патот имало метар вода.

Таму заглавиле три возила, а противпожаранат служба интервенирале за да ги извлечат.Како што вели командирот на противпожарната, во едното возило имало двајца патници, во едното еден, а третиот бил камион со приколка, со стока, односно овци.

Дополнително се интервенирало и во една куќа зафатена од пожар, а поплавени се неколку објекти во Тризла и населбата Варош.

По силниот пороен дожд што го зафати градот Прилеп во временскиот период од 15 часот до 16 часот, заради неможноста атмосферската канализација да ги прифати големите количества вода, дојде до поплавување на делови (пониските) од улиците во централното градско подрачје: ,,Димо Наредникот“, ,,Александар Македонски“, ,,Прилепски бранители“, Бул. ,,Гоце Делчев”, а и улиците ,,Мице Козар“, ,,Круме Волнароски“, како и други помали улици во населбата ,,Тризла”, со што беше отежнато одвивањето на сообраќајот. Со намалувањето на интензитетот на врнежите , состојбата се нормализира. Екипите на ЈКП,,Комуналец“ беа излезени на терен за расчистување на градските улици, а ЈП ,,Македонија пат“ на регионалните патишта од остатоците – наносите што ги донесе водата (ѓубре, земја и друго).

По пат на пријава од граѓани побарани се интервенции во три семејни куќи: на ул.,,Цане Коњарец“, ул.,,Ножот“ и ул.,,Ердован Шабановски“. Од страна на ТППЕ одговорено е на сите пријави, но поради ниското ниво на водата во поплавените простории не се интервенирало.

Пред десетина дена, Прилеп исто така беше зафатен од невреме, а поради натрупано ќубре во корисотото на реката поплавени беа улиците и објекти во населбата Тризла.

Од тогаш, екипите на „Комуналец“, го исчистија целото корито покрај реката што поминува низ градот.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close