КАЛЕНДАР НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО МЕСЕЦ ОКТОМВРИ- Овоштарство

Во месец октомври се прибираат овошките. Тоа треба да се заврши што поскоро за да се
создадат услови за дрвата навреме да ги извлечат потребните материи од почвата кои
што ќе им овозможат правилно одвивање на акциите во престојната зима.
Зимските сорти на овошјата треба добро да созреат на дрвото. Рано обраните плодови
во магацините го губат вкусот и сокот. Во просториите за складирање, плодовите се
подредуваат на дрвени полици, касети и каси, но само во еден слој.

Дуњите треба да останат на дрвото додека да почнат да паѓаат сами. Пред да се
складираат, оревите треба добро да се исушат на сенка и во добро проветрена
просторија. Се чуваат на сите или во доброп проветрена просторија.
Откако плодот на лешникот ќе се одвои од обвивката, подобро е да се чува во умерено
влажен песок отколку на воздух.
Мушмулите остануваат на дрвото до појавата на првите мразеви. Мразот ги прави меки,
кафеави и вкусни.

Во октомври кај сите дрва се одвива процес на складирање на резервни хранливи
материи. Ова, кај младите овошни насади, бара длабока обработка на почвата. Во
помалите овоштарници, ова подразбира прашење на дрвцата со што се подобрува
водено-воздушниот режим.
Во овој месец , доколку дозволуваат временските услови, сеуште може да се садат
јагоди. Ова касно садење треба да е завршено до средината на месецот, за да може
растенијата убаво да се вкоренат за да не изгинат во текот на зимата.
Веднаш по паѓањето на листовите, препорачливо е сите овошни дрвца да се испрскаат со
2% раствор на Бордовска чорба. Со ова се олеснува борбата против бактериските
болести, кадравоста на листот и сл. Јаболката и крушите препорачливо е да се
истретираат со 5% раствор од уреа.
Под кората на дрвјата обично презимуваат црвените пајачиња, некои видови грини, црви
и други штетници. Затоа кон крајот на месецот треба стеблата и подебелите гранки да се
премачкаат со 20% варова каша.


 

agencija.com.mk

Share Button