fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Извезуваме праски и јаболка, а светот бара бебешка и детска храна

Во земјоделството немаме приоритети. Сѐ или ништо не ни е приоритет. И ако изградиме неколку приоритети ние не се фокусираме на нив, туку се расплинуваме потоа и повторно ништо не е доволно поддржано и ништо нема доволен развој, вели претседателот на Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија од Стопанската комора, Ѓорѓи Петрушев.

Извезуваме јаболка и праски, но не успеваме да ги пронајдеме компаративните предности на производи кои се бараат во светот и таму да го ориентираме производството и извозот на земјодлеската прехранбена дејност. Даваме субвенции, но без критериуми за квалитет и добри производни практики. Сето ова влијае земјодлеското производство да не успева да ги покрие потребите на домашните капацитети, а уште помалку да извезува производи со додадена вредност.

Ова денеска на прес-конференција го презентираше Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија од Стопанската комора.

Главна причина за ваквата состојба, како што рече претседателот на Здружението, Ѓорѓи Петрушев, е тоа што земјава со години не успева да го имплементира она што го планира.

Вкупен извоз на земјоделството лани бил 210 милиони евра 35 примарни производи од животинско и 175 милиони евра овошје и зеленчук. Прехранбената индустрија извезла производи во вредност од 410 милиони евра. Од нив 145 милиони евра се од тутун и производи од тутун, 75 од алкохол, главно вино, 191 милион евра останати производи од прехранбената, месната и пекарска индустрија.

Извор: Плусинфо

Слични написи

Back to top button
Close