fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Силен земјотрес ја погоди Црна Гора, почувствуван и во Македонија

„Тресењето беше долго и силно“, сведочат жителите на Херцег Нови.

Утрово во 04:06 часот  силен земјотрес што ја погоди Црна Гора. Земјотресот беше почуствуван и во Хрватска и Босна и Херцеговина.

Земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер е регистриран на подрачјето на Никшиќ, а во моментов нема информации за материјална штета.

По проценките беше соопштено дека нема опасност од цунами.

Земјотресот беше почувствуван се до Сараево, Дубровник, и на многу други локации.

„Тресењето беше долго и силно“, сведочат жителите на Херцег Нови.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close