fbpx
Вести

Јаболката се поскапени поради пролетните мразеви

jabolka

Карактеристично за минатиот месец е зголемената цена на јаболкото, споредено со истиот период лани, како на зелените пазари така и на пазарите на големо. Цените ги качија раните пролетни мразеви кои го зафатија Ресенско – Преспанскиот регион.

Златниот Делишес поскапел најмногу и чинеше 46 денари за килограм, односно за 80 отсто повеќе.

Поскапи беа и кивито, портокалот и калинката, а лешникот, лимонот и цитронот беа поевтини.

Од зеленчукот по пониски цени се продавале карфиолот за 62, бруколата 26, пиперката, доматот и краставиците 13 и тиквица за 26 проценти.

Овој февруари единствено поскапи биле, маслинките за 4,5% тиквата за 5,6% и цвеклото за 6 проценти.

Оризот лани чинел 67, а годинава иако понудите се преполовени, на зелените пазари се продава за 63 денари за килограм.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close