ЈАВЕН ПОВИК за доделување на техничка поддршка за организирање и спроведување на локални манифестации за промоција на земјоделски производи во Република Северна Македонија

(Oвој напис е објавен на: August 26, 2019)

I. Предмет на јавниот повик               

 

Доставување на барање за користење на средства, проследено со предлог за користење на техничка поддршка за организирање и спроведување на локални манифестации за промоција на земјоделски производи во Република Северна Македонија од областа на земјоделството, руралниот развој, шумарството и водостопанството (во понатамошниот текст: предлог за користење).

 

II. Право на учество во постапката

 

Право на учество на јавниот повик имаат единиците на локалната самоуправа, здруженија од областа на земјоделството, руралниот развој, шумарството и водостопанството регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, стопански комори основани согласно закон, задруги регистрирани за вршење на земјоделска дејност и/или за трговија со земјоделски производи согласно Закон за задруги и/или Законот за земјоделски задруги и/или јавни претпријатија регистрирани за вршење на дејност организирање на саеми и саемски манифестации.

III. Содржина на предлогот и потребна документација     

 

Предлогот за користење треба да ги содржи следниве елементи:

  1. Податоци за предлагачот;
  2. Назив и резиме на предлогот;
  3. Опис на предлогот;
  4. План на активности со временска рамка за реализација на предлогот по активности и методологија за нивна реализација;
  5. Финансиски план на трошоците, временска рамка за нивно настанување и извори на финансирање;
  6. Банкарска сметка на која треба да се исплати поддршката;
  7. Наведено одговорно лице за настанот;
  8. Влијание на предлогот во смисла на понатамошна одржливост на активностите, целна група односно опис на директни и индиректни корисници на резултатите од активноста, понатамошна примена на резултатите и очекувани ефекти за корисниците;
  9. Доказ за континуирано одржување на манифестацијата во последните три години, со исклучок на манифестациите кои се организираат за прв или втор пат .

Потребна документација:

  1. Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија;
  2. Препораки или други докази за претходна имплементација на други сродни предлози;
  3. За апликантите правни лица: потврда за евиденција во ЕРЗС (ако се занимаваат со примарно земјоделско производство), доказ од Централен регистар дека не е поведена стечајна и ликвидациона постапка и доказ од Управа за јавни приходи за платени даноци и други јавни давачки;
  4. За здруженија и стопански комори: годишна програма за работа со вклучени активности од предлогот усвоена согласно статутарните акти;

 

IV. Доставување на предлогот

 

Предлогот се доставува во еден оригинален примерок потпишан од овластено лице на предложувачот. Еден корисник може да учествува во постапката за користење на техничка поддршка за организирање и спроведување на  манифестации за промоција на земјоделски производи во Република Северна Македонија од областа на земјоделството, руралниот развој, шумарството и водостопанството само со еден предлог за користење.

 

Предлозите може да се поднесуваат од денот на објавувањето на јавниот повик на интернет страната на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со краен рок за поднесување до 31.08.2019 година.

Документи за превземање

Упатство за манифестации
Share Button